а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зајаде

зајадат; зајади, зајадете; зајадов, зајадоа; зајал; зајадев, зајадеа; зајадел; зајаден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16662
1. Почне да јаде.
Англиски: eat Албански: ushqehem
Примери:
Децата зајадоа од манџата.
2. зачеша
Англиски: itch Албански: kruarje
Примери:
Го зајаде левата рака.
3. Почне да нервира, да кара некого.
Англиски: quarrel Албански: qorton
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа уште од изутрина го зајаде мажот со своите дофрлувања.
4. Предизвика немир, вознемиреност, грижа.
Англиски: gnaw Албански: gërmis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го зајаде мисла.
Ме зајаде јанѕа.
Ја зајаде црвот на сомнежот.
5. (се зајаде) Почне да се кине.
Англиски: tear Албански: gris
Примери:
Овде се зајала ортомава.
6. (се зајаде) Почне да се лути, да се кара.
Англиски: quarrel Албански: qorton
Употреба: Преносно значење
Примери:
Некои од селаните се зајадоа за водата.
Изведенки
1. зајадува несв.
(се) зајадуваат
2. зајадување ср.
мн. зајадувања
Пример: меѓусебни зајадувања