здаде
(се) здадат; здај, здајте; здадов, здадоа, здал, (ќе) здадев, (ќе) здадеа; (ќе) здадел; здаден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13745
1.
(ми, ти, му...) Успее во нешто, се покаже некому добра можност за нешто.
Примери:
Му се здаде да влезе во тие кругови.
Ми се здаде убава ситуација да го прашам.
Им се здаде да бидат за кратко насамо.
Слично со:
успее (св.)
2.
Се нафрли некому со зборови, со викање, со лаење.
Примери:
Кога му се здаде, се му изнарече.
Му се здадоа кучиња, одвај им избега.
Изведенки
здава несв.
(се) здаваат
(се) здаваат