нафрли
нафрлат; нафрлен; нафрлил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3905
1.
Со фрлање натрупа нешто на едно место или фрли, расфрли во поголемо количество.
Примери:
Да ги нафрламе дрвата, после ќе ги наредиме.
Ги пушти во двор гулабите и им нафрли храна.
Слично со:
натрупа (св.)
2.
Набележи или изложи нешто во општи црти.
Примери:
Да ги нафрлиме поважните точки на извештајот, потоа ќе ги обработиме.
Во своето излагање нафрли само некои од причините за неуспехот.
3.
(се нафрли) Нападне некого физички или со зборови, со закани и сл.
Примери:
Двајцата се нафрлија на него и му ги врзаа рацете.
Се нафрлил на обвинетиот со секакви клевети.
Му се нафрли со навреди и пцости.
Слично со:
нападне (св.)
4.
(се нафрли) Се втурне некаде, изврши напад, грабеж и сл.
Примери:
Војниците се нафрлија на селото од сите страни.
Толпата се нафрли да ги ограбува дуќаните.