steal - онтологија

грабне повеќе

грабнат
Вид збор: Глагол, свршен
украде
Албански: vjedh
Примери:
Ги грабна парите и избега.

дигне повеќе

Види и: крене (св.)
дигнат
Вид збор: Глагол, свршен
украде, ограби
Албански: vjedh
Употреба: Разговорно
Примери:
Го запреле и му ги дигнале парите.

доискраде повеќе

Види и: искраде (св.)
доискрадат
Вид збор: Глагол, свршен
Искраде сѐ до крај, докраде.
Примери:
Вчера крадците ни ги доискрадоа вредните работи во куќата.

докраде повеќе

Види и: краде (несв.)
докрадат
Вид збор: Глагол, свршен
Краде, искраде сѐ, до крај.
Примери:
Не успеа да го докраде дуќанот.

дрпа повеќе

дрпаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Краде, зема недозволено нешто.
Албански: vjedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само дрпаат за себе, не мислат на другите.

здипли повеќе

Види и: дипли (несв.)
здиплат
Вид збор: Глагол, свршен
украде
Албански: vjedh
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Дури се сврте, и ја здиплија чантата.

издига повеќе

Види и: издигне (св.)
издигаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Земе сè што може да се земе од некаде, наеднаш, со брзање.
Албански: merr
Употреба: Разговорно
Примери:
Бегалците издигале сè од куќата и заминале.
Украде, земе насила.
Албански: vjedh
Употреба: Разговорно
Примери:
Крадците ја издигале сета покуќнина и избегале.

изнакраде повеќе

Види и: накраде (св.)
изнакрадат
Вид збор: Глагол, свршен
Искраде, накраде многу, во голема количина.
Примери:
Готвачката изнакрала од кујната многу продукти.

испокраде повеќе

испокрадат
Вид збор: Глагол, свршен
изнакраде
Примери:
Ја испокрадоа продавницата.

краде повеќе

крадат
Вид збор: Глагол, несвршен
Присвојува нешто туѓо без дозвола на сопственикот.
Албански: vjedh
Употреба: Правда
Примери:
Краде круши.
(се краде) Се присвојува нешто.
Албански: vjedh
Примери:
Еден со друг се крадеа и се лажеа.

крадне повеќе

краднат
Вид збор: Глагол, свршен
Украде по малку.
Примери:
Крадна по некое зрнце жито.

левоса повеќе

левосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Украде нешто, здипли, мавне.
Употреба: Разговорно

мазне повеќе

мазнат
Вид збор: Глагол, свршен
украде
Употреба: Разговорно
Примери:
Му ги мазнале парите.

открадне повеќе

откраднува
Вид збор: Глагол, свршен
Украде малку или краде повремено.

поткраде повеќе

Види и: поткрадне (св.)
поткрадат
Вид збор: Глагол, свршен
поткрадне
Албански: vjedh
(се поткраде) се поткрадне
Албански: vjedh

поткрадне повеќе

поткрадне
Вид збор: Глагол, свршен
Потајно присвои нешто туѓо.
Албански: vjedh, grabis
Примери:
Поткраднале ситни работи по чаршијата.

смота повеќе

смотаат
Вид збор: Глагол, свршен
Украде нешто.
Албански: vjedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му ги смота парите.

украде повеќе

украдат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе туѓо.
Албански: vjedh
Употреба: Правда
Примери:
Украл јајца.
(се украде) се измушне, побегне
Албански: përvidhem

украдува повеќе

Види и: украде (св.)
украдуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
украде
Употреба: Разговорно
Примери:
(разг.) Дете од мајка украдува.