а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зло

мн. зла
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1196
1. Тоа што е лошо, злобно.
Англиски: evil Албански: e keqe
Примери:
Тој ти мисли зло.
Борба меѓу доброто и злото.
Олицетворение на злото.
2. Лош настан, несреќа.
Англиски: misfortune Албански: fatkeqësi
Примери:
Се случи големо зло.
Зло ги снајде.
Изрази
Враќа зло за добро - неблагодарен е.
Секое зло за добро - се вели кога некое зло подоцна ќе излезе на добро.
Стори добро, најди зло - кога некој прави нешто со добри намери, а му се враќа со лошо.
Делат и добро и зло - кога двајца се неразделни и во среќни и во тешки моменти.
Да не чуе злото/да спие злото - кога некој кажува дека се му оди добро во животот, израз на желба и понатаму да не се случуваат лоши работи.
Од зло на позло - се влошува и онака лошата ситуација.