see - онтологија

види повеќе

видат
Вид збор: Глагол, свршен
Насочи поглед кон нешто, опфати со сетилото за вид.
Српски: видети Албански: shoh Бугарски: виждам
Примери:
Оддалеку видоа дим што се дигаше од селото.
Здогледа, забележи некого или нешто.
Албански: shikoj
Примери:
Видовме како идат сватови.
(несв.) (се виде) Не се гледа, не може да се гледа.
Албански: nuk shhihet
Примери:
Во визбата не се види, темно е.

видува повеќе

Види и: види (св.)
(се) видуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) гледа, види
Српски: видети Албански: shikoj, shoh Бугарски: виждам
Примери:
Се видуваат еднаш во годината.

виѓава повеќе

виѓаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гледа, опфаќа со сетилото за вид.
Албански: shikon
Примери:
На едното око виѓава по малку.
Согледува нешто.
Албански: shikon
Примери:
Гледам, ама не виѓавам.

гледа повеќе

гледаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Насочува поглед кон некого или кон нешто.
Српски: гледати Албански: shoh Бугарски: гледам
Примери:
Таа со раширени очи гледаше во девојката што лежеше.
Настојува, води сметка за нешто.
Примери:
Гледаа да не го навредат.
(се гледа) себеси
Албански: shoh
Примери:
Тој се гледа себеси некаде на некоја позиција.
(се гледа) Може да се види.
Албански: shihet
Употреба: Безлично
Примери:
Се гледа дека внатре има луѓе.

доизвиди повеќе

Види и: извиди (св.)
доизвидат
Вид збор: Глагол, свршен
(се доизвиди) Се виде со сите.
Албански: sheh

загледа повеќе

Види и: гледа (несв.)
загледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Здогледа, забележи со поглед.
Албански: sheh
Примери:
Во белината загледа две темни точки.

здогледа повеќе

здогледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Види некого или нешто.
Примери:
Во далечината го здогледа брата си.

знае повеќе

знам
Вид збор: Глагол, несвршен
(се знае) се гледа
Албански: sheh
Примери:
Дамката од кафе сè уште се знае.

извиди повеќе

извидат
Вид збор: Глагол, свршен
Види многу луѓе, многу нешта, види сѐ, се види со сите.
Албански: sheh
Примери:
Ги извиде сите роднини во Австралија.

изнагледа повеќе

Види и: нагледа (св.)
(се) изнагледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се нагледа во голема мера.
Примери:
Не може да и се изнагледа.

нагледа повеќе

нагледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Погледне дали е во ред, се погрижи за некого, за нешто.
Албански: vëzhgoj
Примери:
Нагледај ги децата што прават.
(се нагледа) Помине во гледање долго време, до задоволување, до заситување од гледање, виде многу нешта.
Албански: shikon gjatë
Примери:
(нар. поез.) Да ти се моме нагледам / на тоа лице убаво

попрогледа повеќе

Види и: прогледа (св.)
попрогледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прогледа малку, донекаде.
Примери:
Ги премачка очите со мраз и попрогледа.

соѕре повеќе

соѕреат
Вид збор: Глагол, свршен
Види нешто оддалечено, нејасно.
Примери:
Соѕре во далечината некои дрвја.

текне повеќе

текна
Вид збор: Глагол, свршен
Кога на некој ќе му се објаснува нешто, па како прашален обрат.
Албански: të kujtohet
Примери:
Ти текна!?
(модално) гледа
Албански: sheh, të kujtohet
Примери:
Јас тогаш станувам малку порано и, ти текна, одам право кај него.