игра
мн. игри
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 574
1.
Активност заради забава и разонода.
Примери:
Детска игра - криенка.
Тоа беше смешна игра - борење со рамена.
Децата се забораваат во игри.
Тоа не беше никаква игра, туку тепање.
Слично со:
разонода (ж.)
2.
Активност заснована на одредени правила или по некој систем.
Примери:
спортска игра
шаховска игра
игри со карти
3.
Еден завршен дел од таква активност.
Примери:
Во третата игра, тој беше победник.
Наредната игра ја доби домаќинот.
Ја одигра својата игра велемајсторски.
Слично со:
партија (ж.)
4.
Систем од движења што се изведуваат по одредени правила и во одреден ритам.
Примери:
Момчето ја покани непознатата девојка на игра.
Двајцата уживаа во играта.
Луѓето празнуваа со игри и песни.
традиционални игри
5.
Настап на сцена, изведба на театарска или друг вид улога.
Англиски:
performance
Албански:
performancë
актерска игра
Балетски игри на девојките.
Слично со:
изведба (ж.)
6.
Спортски натпревари или низа културни приредби што се одржуваат повремено, на определено време.
Примери:
олимписки игри
театарски игри
Слично со:
натпревар (м.)
7.
Брзо придвижување на нешто.
Примери:
Игра на облаците со сонцето.
Игра на сенките од врбите.
снежна игра
Слично со:
треперење (ср.)
8.
Тактика, замисла, план за остварување некаква цел со затскриени намери.
Примери:
политичка игра
проѕирна игра
подмолна игра
Изрази
Валкана/нечиста игра - нечесна работа.
Игра на мачка и глувче (глушец) - натпревар на нерамноправни противници, неинтересна борба.
Игра на зборови - вид стилска фигура, шеговит зборовен израз со ист или сличен гласовен состав што може да се разбере двосмислено.
Игра на среќа - учество во нешто што нуди можност за некаков успех (најчесто паричен износ), врз основа на веројатност, на среќа.
Игра на случајот/игра на судбината - непредвидлива случајност, неочекуван настан во животот.
Игра опасна игра - се занимава со работа што е поврзана со опасни последици.
Ја открива играта - ги открива намерите.