а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

партија

мн. партии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 585
1. политичка странка
Англиски: party Албански: parti
Употреба: Политика
Примери:
демократски партии
либерални партии
комунистичка партија
2. Група луѓе обединети од некакви општи интереси, цел.
Англиски: party
Примери:
Тие се разделија во две партии.
3. Група луѓе сврзани со заедничка работа.
Англиски: group
Примери:
партија ѕидари
4. Дел од повеќегласна музичка творба којaшто се исполнува од еден глас или еден инструмент.
Англиски: part
Употреба: Музика и танц
Примери:
Партијата на Тоска во истоимената опера.
5. Игра шах, карти од почетак до крај.
Англиски: game
Примери:
партија шах
6. Кандидат за брак, првенствено од сметка.
Англиски: party
Примери:
Испуштил добра партија.
7. Определена количина стоки, обично во врска со нивното произведување, испраќање или добивање.
Англиски: shipment
Употреба: Економија
Примери:
Добиле нова партија женски чевли.
8. Во книговодството: одредница.
Англиски: line
Употреба: Економија
Примери:
Партија „лични расходи“.
9. Дел од учебно градиво.
Англиски: subject
Употреба: Образование
Примери:
Ја предаваше партијата за гласовите.