игра
играат; играм, играте; играв, игравме; играл
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 568
1.
Се занимава, се забавува на некаков начин, со нешто, со некаква игра.
Примери:
Децата играа криенка.
Малиот играше со татка си.
Навечер игравме карти.
Соседите често играа шах.
2.
Се занимава со одредена спортска дисциплина; учествува во спортски натпревар, има одредена улога во однос на другите натпреварувачи.
Примери:
Тој игра кошарка во најдобриот клуб.
На игралиштето момчињата играа мал фудбал.
Фудбалерот играше десен бек.
3.
Учествува во изведба на оро, танц и сл.
Примери:
Игра таа и како змија се свива.
Момчињата го играа машкото оро.
Едни свадбари играа, други пееја.
Слично со:
танцува (несв.)
4.
Настапува како актер, толкува ролја.
Примери:
Во филмот тој играше главна улога.
Слично со:
глуми (несв.)
5.
(само во 3.л.) Се прикажува во кино.
Примери:
Што игра денеска?
Тој филм ќе игра утре.
6.
Привидно поигрува, мрда, трепери.
Примери:
Белите снегулки играа во воздухот.
Ѕвездите играат по небото.
Срцево ми игра, снагава ми трепери од радост.
Брановите му играат пред очи.
7.
(Ми, ти, му... се игра) Сака да игра.
Англиски:
play
Албански:
don të luaj
Ми се игра.
Ако не ти се игра тебе, на детето му се игра.
8.
(си игра) Се забавува со играње, сам или со некого.
Примери:
Децата си играат со песокта.
Сестричката си играше со братчето.
Старецот си играше со бројаниците.
Ветрот си играше со паднатите лисја.
Изрази
Игра важна улога - е од големо значење.
Игра на туѓа свирка/како што му свират други - работи, постапува по туѓа волја, според желбата на други.
Игра мајтап со некого - се мајтапи, се подигрува, се подбива со некого.
Ќе каже и оро ќе игра - ќе каже и од принуда, под присила.
Си игра со пари - многу е богат.
На свадба да ти играм(е) - благослов.
Изведенки
играње ср.
глаг. им.
Пример: Сала за играње.
глаг. им.
Пример: Сала за играње.