а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изветрее

изветреат; изветреј, изветрејте; изветрееав, изветреаја; изветреал; изветреан; (ќе) изветреев, (ќе) изветрееја; (ќе) изветреел; изветрее
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 19481
1. За течност, мирис, алкохол - испари, исчезне целосно или изгуби карактеристични својства.
Англиски: evaporate Албански: avulloj
Примери:
Парфемот изветреал.
Лошата миризба изветреала.
2. За облека, постелнина, просторија - изложи на чист воздук.
Англиски: aerate Албански: ajros
Примери:
Ја изветреа постелнината на балконот.
Ги изветреавме собите пред да дојдат гостите.
3. За човек - губи од своите умствени способности, обично од старост.
Англиски: stultify Албански: fshij
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој сосема изветреал.
4. (се изветрее) се проветри, се освежи
Англиски: refresh Албански: freskohet, ajroset
Примери:
Просториите се изветреаја.
Изведенки
1. изветрува несв.
(се) изветруваат
2. изветрување ср.
глаг. им.