испари
испарат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6916
1.
Се претвори во пареа, мине во гасовита состојба.
Примери:
Водата испари од тенџерето.
Испари мирисот од шишенцето.
2.
Стави нешто на пареа.
Примери:
Таа го испари лицето со чај од камилица.
3.
Постепено нешто исчезнува, се губи, го снемува.
Примери:
Спласна, испари и неговата лутина, но и неговата доверба во неа.
Слично со:
исчезне (св.)
4.
Исчезне одеднаш, скришно.
Примери:
Дури се свртев, тој испарил.
Испарила ракијата што кришум еден од друг ја пиеме.
5.
(се испари) Се исуши, се претвори во пареа.
Примери:
Се испари дождот веднаш штом изгреа сонцето.
Слично со:
исуши (св.)