извика
Види и:
вика (несв.)
извикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1106
1.
Каже гласно, издаде вик.
Примери:
Стариот уште еднаш извика: „Со здравје, деца мои“.
Тој извика силно „Добар ден“, ама никој не му одговори.
2.
Повика некого од некаде.
Примери:
Го извика од дома.
Таткото го извика синот од кафе пиење и го прати на пазар.
Слично со:
повика (св.)
3.
(се извика) Силно викне, се провикне.
Примери:
Се извика колку грло што го држеше.
Слично со:
провикне (св.)
4.
(се извика) Вика на некого, гласно и луто.
Примери:
Му се извика на човекот без причина.
Изведенки
1.
извикува несв.
(се) извикуваат
(се) извикуваат
2.
извикување ср.
глаг. им.
глаг. им.