а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изврзе

Види и: врзе (св.)
изврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17916
1. Врзе сѐ што треба да се врзе.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Ги изврза сите украсни ленти на новогодишната елка.
2. Врзе повеќепати, обвитка, стегне со врвка или јаже некаков предмет, до крај, целосно.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Го изврза товарот дрва од сите страни на самарот.
3. Врзе повеќемина, сите.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Ги изврзаа мажите и ги потераа во полицијата.
4. (се изврзе) Се врзе многу, целосно, до крај.
Англиски: tie Албански: lidhem
Примери:
Детето се изврзало со јажињата играјќи си.
Изведенки
изврзува несв.
изврзуваат