изврти
извртат; извртил; извртен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10833
1.
Сврти нагло, во сосема друг правец, на друга страна.
Примери:
Силниот ветер ги изврти ластунките на бостањето.
Тој ги изврте и ги разгледа сите фотографии што беа на масата.
Слично со:
сврти (св.)
2.
Сврти од нормалната положба во еден или друг правец.
Примери:
Полицаецот му ја изврти раката на момчето.
Тој ја изврте главата за да го избегне ударот.
Слично со:
врти (несв.)
3.
Преврти на обратната страна.
Примери:
Ги изврте џебовите.
Ги изврте јагнешките цревца за да ги измие.
4.
Обиколи, направи кружно движење, повеќе пати.
Примери:
Песот изврти околу нас неколку пати.
Рингишпилот така ме изврти што кога се симнав, не знаев каде се наоѓам.
Слично со:
обиколи (св.)
5.
Со вртење на некаква алатка направи дупки, издупи, извади нешто.
Примери:
Со ножот ги изврте семките од пиперките.
6.
Изопачи, искриви факт, смисла.
Англиски:
distort
Албански:
shtrembëroj
Новинарите ги извртеле моите зборови.
Слично со:
изопачи (св.)
7.
(се изврти) Се сврти околу нешто.
Примери:
Сите се извртеа околу црквата двапати со иконата пред нив.
Слично со:
сврти (св.)
8.
(се изврти) Се насочи на некоја страна, се сврти менувајќи ја првобитната положба.
Примери:
Сончогледите се извртеле накај сонцето.
Се изврте на грб.
Тој се изврте на една страна и дури тогаш успеа да го види лицето на другиот во собата.
9.
(се изврти) Се измести од нормална положба, се искриви.
Албански:
përkul
На сонцето долгите мешунки се извртеа и се отворија.
Слично со:
искриви (св.)
10.
(се изврти) Се нафрли на некого со зборови или со удари.
Примери:
Му се изврте по грб со стапот на крадецот.
Слично со:
нафрли (св.)
11.
(се изврти) Паѓа од високо со вртење.
Примери:
Девојката се извртела од високиот чардак.
Изведенки
1.
извртува несв.
(се) извртуваат
(се) извртуваат
2.
извртување ср.
глаг. им.
глаг. им.