изгуби
Види и:
губи (несв.)
изгубат; изгубил; изгубен; (ќе) изгубев, (ќе) изгубел; изгубеше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 772
1.
Остане без нешто материјално.
Примери:
Ги изгубив клучевите.
Го изгубив чадорот.
Слично со:
загуби (св.)
2.
Исчезне, излезе надвор од досегот на сетилните органи.
Англиски:
disappear
Албански:
humb, zhduket
Гледаше по момчето додека не го изгуби од вид.
Слично со:
исчезне (св.)
3.
Остане без некое својство, без можност да се служи со нешто.
Примери:
Го изгубил слухот.
Го изгуби здравјето.
Цвеќево го изгубило мирисот.
4.
Остане без некого (без син, брат, родител итн.) поради смрт.
Примери:
Изгубивме добар другар.
Таа го изгуби брачниот другар многу рано.
5.
Претрпе загуба во работа, забава, војна и сл.
Примери:
Изгуби на карти.
Ја изгуби битката со конкуренцијата.
6.
Потроши време бесполезно.
Примери:
Изгуби многу време барајќи ја потребната литература.
7.
(се изгуби) Исчезне без трага, го снема.
Англиски:
vanish
Албански:
humb, zhduket
Сонцето се изгуби зад хоризонтот.
Човекот се изгуби во толпата.
8.
(се изгуби) се онесвести
Примери:
Девојката сосема се изгуби.
9.
(се изгуби) Се занесе, стане неразумен, изгубен, дезориентиран.
Примери:
Во новата ситуација, тој сосема се изгуби.
Изрази
Изгуби апетит - не чувствува глад, потреба од храна.
Изгуби глава - загине.
Изгуби глава - се занесе, стане неразумен, изгубен.
Изгуби живот - загине.
Изгуби памет - полуде.