а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

издели

изделат; изделил; изделен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14842
1. Подели сѐ, сето количество, даде секому определен дел.
Англиски: distribute Албански: ndaj
Примери:
Тој им го издели лепчето на другарите што беа со него.
2. Оддели, одвои едно од друго или од некое множество.
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
Овчарот ги издели молзниците од јаловиците.
3. (се издели) Се одвои од целина.
Англиски: separate Албански: ndahem
Примери:
Тој се издели од другите деца.
4. (се издели) се истакнува, се одликува
Англиски: outdo Албански: dallohem
Примери:
Нашите коњи и коли се изделуваа со својата големина од другите.
Изведенки
1. изделува несв.
(се) изделуваат
2. изделување ср.
глаг. им.