а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

раздели

разделат; разделил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2476
1. Направи нешто на делови.
Англиски: divide Албански: përçaj
Примери:
Раздели го лебот да има за сите.
Потоа ги разделија учениците по одделенија.
Раздели и владеј!
2. Распредели, даде секому по дел, обично од наследство.
Англиски: share Албански: ndaj
Употреба: Разговорно
Примери:
Пред да умре стариот, им го раздели на синовите си сиот имот.
Уште веднаш си ги разделија меѓу себе парите што ги најдоа.
3. Минувајќи по средината подели нешто на две.
Англиски: halve Албански: gjysmoj
Примери:
Новиот пат требаше да ја раздели населбата на два речиси еднакви дела.
4. Оддели еден од друг или едно нешто од друго; откине еден од друг; раскине брак, разведе.
Англиски: separate Албански: veçoj
Примери:
Нас никој не ќе може да нè раздели.
Одвај ги раздели скараните.
Мајка ѝ ги раздели.
5. Внесе разединетост.
Англиски: divide Албански: ndaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој настојуваше да го раздели раководството.
6. Изврши дејство делење.
Англиски: divide Албански: daj
Употреба: Математика
Примери:
Раздели го добиениот број на четири.
7. (се раздели) Се подели на делови; разотиде се на разни страни.
Англиски: part Албански: ndaj
Примери:
Набрзо се разделивме на неколку групи и продолживме одделено.
Кај мостот се разделија.
8. (се раздели) Престане да е заедно со некого; прекине врски или односи со некого, се разведе.
Англиски: part Албански: ndaj
Примери:
Со солзи се разделивме со својот сакан учител.
9. (се раздели) Земе дел од општ имот, наследство.
Англиски: separate Албански: veçohet
Примери:
Се разделија веднаш по смртта на татко им.
10. (се раздели) Се распадне на групи, се разедини.
Англиски: disunite Албански: shkëput
Примери:
По тој настан се раздели и тоа до тогаш компактно население.