излежи
Види и:
лежи (несв.)
излежат; излежи, излежете; излежав, излежаа; излежал; излежан; (ќе) излежев, (ќе) излежеа; (ќе) излежел; излежен
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Помине долго време лежејќи болен, до оздравување.
Примери:
Ја излежи болеста без да офне.
Не ги излежа сите години затвор на кои беше осуден, го пуштија.
Слично со:
лежи (несв.)
2.
Остане во затвор издржувајќи казна до крај.
Слично со:
лежи (несв.)
3.
За птица - изведе пилиња.
Примери:
Квачката ги излежала пилињата во една камара во плевната.
Изведенки
излежување ср.
глаг. им.
глаг. им.