Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со лажењето.
Примери:
Ги лажев девојките и ги долажав.
Вид збор: Глагол, свршен
Лежи до определено време, заврши со лежење.
Примери:
Не можев да долежам в кревет.
залажат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да лаже.
Примери:
Само што ја отвори устата и залажа.
(се залаже) Почне да се лаже себеси или еден со друг.
Примери:
Јас се обидувам да се залажам дека сум те заборавила.
залегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Легне за подолго време (поради болест, изнемоштеност).
Примери:
Старецот залегна во постела.
За чувство, мисла - остане трајно, се вреже длабоко во свеста.
Примери:
Немир ми залегна во душата.
залежат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да лежи (обично од болест).
Примери:
Детето залежа болно пред една недела.
Лежи подолго време поради болест.
Примери:
Таа залежа, еве веќе втора година.
(се залежи) Остане на постела подолго време.
Примери:
Таа се залежа долго во постела.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да лаже.
Примери:
Тој ја заматка со однапред смислени зборови.
излажат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже невистина, лага.
Примери:
Тој излага дека ќе дојде.
Вид збор: Глагол, свршен
Помине долго време лежејќи болен, до оздравување.
Примери:
Ја излежи болеста без да офне.
(се излежи) Остане долго време лежејќи.
Вид збор: Глагол, несвршен
Помине долго време лежејќи болен, до оздравување.
Вид збор: Глагол, свршен
Се належи многу, доволно.
Примери:
Се изналежавме денес под сенките крај реката.
лажат
Вид збор: Глагол, несвршен
Кажува лаги, невистини, измислици.
Примери:
Лажеше за да го заштити другарот.
легнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се испружи на земја, на кревет и сл.
Примери:
Легна под сенката за да се одмори.
лежат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се наоѓа во хоризонтална положба, испружен.
Српски:
лежати
Албански:
shtrihem
Бугарски:
лежа
Примери:
Лежи во сенка.
Издржува затворска казна.
Примери:
Има уште шест месеци да лежи од казната.
Оставен е некаде, не се користи.
Примери:
На полиците во книжарниците лежат голем број непродадени примероци од таа книга.
Се наоѓа, сместен е, зазема некој простор.
Примери:
Во подножјето на планината лежи прекрасен град.
Се наоѓа во составот, во содржината на нешто.
Примери:
Во основата на текстовите лежи неговиот роден говор.
мамат
Вид збор: Глагол, несвршен
лаже, измислува
Примери:
Ги мамеше дека нашол работа.
надлажат
Вид збор: Глагол, свршен
Надмине некого во лажење.
Примери:
Итар Пејо никој не можел да го надлаже.
надлажуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се надлажува) Се натпреварува во лажење.
Примери:
Се надлажуваа цела ноќ.
(се) налажат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнакаже многу лаги некому.
облегнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се облегне) Се опре, се навали на нешто.
Примери:
Се облегна на перницата.
паднат
Вид збор: Глагол, свршен
За работа, задача - легне врз некого.
Примери:
Целата работа паднала врз него - тој ја работи сета работа.
подлегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Прилегне, легне за кратко време.
Примери:
Тој подлегна малку да одмори.
Вид збор: Глагол, свршен
Лаже малку, кратко време.
Примери:
Секогаш кога ќе дојдеше, ќе нѐ полажеше за да ја разубави приказната.
Вид збор: Глагол, свршен
Легне малку или уште малку.
Примери:
Полегна половина час и стана.
Легнат да спијат сите до еден, многумина.
Примери:
Кај се најадоа, тука полегнаа да преспијат.
Вид збор: Глагол, свршен
Лежи малку, кратко време.
Вид збор: Глагол, свршен
Намерно со лага доведе некого во заблуда.
Примери:
Го прелажаа и му ги зедоа дуќанот.
Вид збор: Глагол, свршен
преспие, преноќева
Примери:
Ќе ја однесеа иконата кај некој болен да прележи некоја ноќ за здравје да му даде.
За нива, земја - остане необработена, непосеана за приридно да ѝ се обнови плодноста.
Примери:
Поради малку ѓубриво, едни ниви се оставаат да прележат некое време.
прилегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Легне до некого или до нешто.
Примери:
Мачката прилегна до неговите нозе.
Легне кратко време, одмори малку.
Примери:
После прилегнав во ладон, ме фати дремка.
Вид збор: Глагол, свршен
Излаже сосема, потполно, сите.
(се) разлежат
Вид збор: Глагол, свршен
Лежи долго, го поминува времето во лежење.
Примери:
Се разлежал на мека постела.