а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

излета

излетаат; излетал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3690
1. За птица, инсект што лета - летне надвор од нешто.
Англиски: fly out Албански: fluturoj
Примери:
Врапчињата излетаа од гнездото.
Мувата наплуварка излета од тенџерето во коешто беше месото.
2. Излезе од лежиштето, од местото каде што треба да биде - најчесто за превозно средство.
Англиски: jump out Албански: fluturoj, dal
Примери:
Од силниот удар три вагони излетале од шините.
По судирот на автомобилите, возачот на едниот автомобил излетал од предниот прозорец.
3. Се движи многу брзо излегувајќи од некаде.
Англиски: run out Албански: dal, nxitoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Излета од дома.
Војниците излетаа од касарната на знакот за тревога.
4. Каже нешто без да размисли, неконтролирано.
Англиски: rash Албански: i pamatur, i nxitur
Употреба: Преносно значење
Примери:
Прашањето му излета нанесакана.
Изрази
Срцето му излета од радост/страв - почувствува голема радост/страв.
Изведенки
1. излетува несв.
излетуваат
2. излетување ср.
глаг. им.