измени
изменат; изменил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2478
1.
Направи да биде поинаков.
Примери:
Тие го изменија распоредот на мебелот во дневната соба.
Професорот го измени ланскиот распоред на часови.
Втората светска војна ја измени политичката карта на светот.
2.
Смени, замени со друг, таков или поинаков.
Примери:
Режисерот им ги измени имињата на главните лица од мојата пиеса.
Таа измени неколку бои на нараквицата што ја плетеше, но ниедна од нив не ја задоволи.
Слично со:
смени (св.)
3.
(се измени) Стане поинаков.
Примери:
Тој се измени по последните настани.
По војната се изменија условите на животот.
Изведенки
1.
изменува несв.
изменуваат
изменуваат
2.
изменување ср.
глаг. им.
глаг. им.