change - онтологија

движи повеќе

движат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се движи) Се менува во некакви граници.
Албански: lëviz
Примери:
Температурата се движи до дваесет степени.

заврти повеќе

завртат
Вид збор: Глагол, свршен
За време - се промени.
Албански: ndryshoj
Примери:
Времето заврте на снег.

замени повеќе

заменат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши размена, даде едно нешто за да добие друго нешто.
Албански: këmbej
Примери:
Тој го замени својот стан за два помали.
(се замени) Се смени со некого во вршењето некоја работа, должност, направи меѓусебна размена.
Албански: ndërroj
Примери:
Тие си ги заменија работните места.

измени повеќе

изменат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде поинаков.
Албански: ndryshoj
Примери:
Тие го изменија распоредот на мебелот во дневната соба.
Смени, замени со друг, таков или поинаков.
Албански: ndërrim
Примери:
Режисерот им ги измени имињата на главните лица од мојата пиеса.
(се измени) Стане поинаков.
Албански: ndryshim
Примери:
Тој се измени по последните настани.

испромени повеќе

Види и: промени (св.)
испроменат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи големи промени, измени.
Албански: ndryshoj, ndërroj
Примери:
Кога стана раководител, испромени сѐ.
Облече, дотера некого во нова облека.
Албански: ndërroj
Примери:
Ги испромени децата во празнична облека.
(се испромени) се промени, се измени
Албански: ndryshoj
Примери:
Сѐ се испромени, не е како некогаш.
(се испромени) Се издотера, облече свечена облека.
Албански: ndërroj
Примери:
Се испроменила како за на гости.

мени повеќе

менат
Вид збор: Глагол, свршен
промени
Албански: ndërroj, ndryshoj
Примери:
Му го менија името.

менува повеќе

менуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави да биде поинакво по содржина, по квалитет или изглед.
Албански: ndryshoj, ndërroj
Примери:
Телевизијата секој месец ја менува програмата.
Употребува наизменично.
Албански: ndërroj, këmbej
Примери:
Зимно време ги менува гумите.
Дава нешто во замена за друго; разменува.
Албански: këmbej
Употреба: Економија
Примери:
Парите ги менуваше во менувачница.
(се менува) Станува поинаков.
Албански: ndërroj, shkoj
Примери:
Секоја година се менуваше на полошо.
(се менува) се разменува
Албански: këmbej
Примери:
Се менуваат со сликички за албум.

напромени повеќе

(се) напроменат
Вид збор: Глагол, свршен
Се промени, се облече убаво, во убава, богата облека.
Примери:
За Велигден сите се напроменија.

обрати повеќе

обратат
Вид збор: Глагол, свршен
Преобрати, промени вера некому.
Албански: ndërroj, kthej
Примери:
Грабнатата девојка ја обрати во нова вера.
(се обрати) Се преобрати, промени вера.
Албански: ndërroj, kthej
Примери:
Се обрати во друга вера и замина од градот.

оди повеќе

одат
Вид збор: Глагол, несвршен
За боја, нијанса - преминува, се прелева.
Албански: kalon, shëndrohet
Примери:
Имаше нова блуза, розева што оди кон виолетово.

подизмени повеќе

Види и: измени (св.)
подизменат
Вид збор: Глагол, свршен
Измени малку, донекаде.
Албански: ndryshoj
Примери:
Некои работи се подизменија во последно време на подобро.
(се подизмени) Се измени малку, донекаде.
Албански: ndryshoj pak
Примери:
Тој како да се подизменил, не го препознавам.

поизмени повеќе

Види и: измени (св.)
поизменат
Вид збор: Глагол, свршен
Измени малку.
Примери:
Колеги темата се поизмени.

помине повеќе

поминат
Вид збор: Глагол, свршен
Мине од едно нешто на друго.
Албански: kaloj, ndrroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Свадбарите од ракија поминале на вино.

попреиначи повеќе

Види и: преиначи (св.)
попреиначат
Вид збор: Глагол, свршен
Преиначи, промени малку, донекаде.
Примери:
Подоцна тој го попреиначи планот.

прејде повеќе

прејдат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине на нешто друго, поинакво од претходното; смени тема на разговор, дискусија и сл.
Албански: kaloj, ndryshoj, ndërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Професорот прејде на следното прашање.

прекрши повеќе

прекршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се прекрши) Престане да се сомнева, да се двоуми, отстрани сомнеж, колебање.
Албански: thyej, ndryshoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Но, кога ќе се прекрши јавното мислење, во моментов немам проценка.

премести повеќе

преместат
Вид збор: Глагол, свршен
(се премести) Смени место, премине на друго место.
Албански: ndërroj vendin
Примери:
Се премести во друга куќа да живее.

премине повеќе

преминат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине од една во друга состојба, околност, место.
Албански: ndërroj
Примери:
Премина од еден автобус во друг.

преобрази повеќе

преобразат
Вид збор: Глагол, свршен
(се преобрази) Добие друг лик, изглед, надворешно се измени.
Албански: shndërroj, transformoj
Примери:
Господ се преобразил како сиромав на земјата.

преправи повеќе

преправаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто поинаку, на друг начин, преработи.
Албански: ndërroj
Примери:
Таа го преправи костумот.

препромени повеќе

(се) пропроменат
Вид збор: Глагол, свршен
Одново се преоблече.
Примери:
Заврши со работата и се препромени за во црква.

прероди повеќе

преродат
Вид збор: Глагол, свршен
(се прероди) Се преобрази, стане поинаков.
Албански: ndryshoj, bëhem ndryshe
Примери:
Му се стори ќерка му како да се прероди.

преслече повеќе

преслечат
Вид збор: Глагол, свршен
Промени облека.
Албански: çvishem, ndërroj veshjen
Примери:
Преслече кошула, облече потопло палто и веднаш излезе.
(се преслече) Се преоблече, (се) пресоблече.
Албански: ndërroj veshjen

пресоблече повеќе

(се) пресоблечат
Вид збор: Глагол, свршен
преоблече, преслече

претвори повеќе

претворат
Вид збор: Глагол, свршен
Промени нешто во нешто друго.
Албански: shëndroj
Примери:
Сите пари ги претвори во злато.

префрли повеќе

префрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Смени, премести во друго време.
Албански: ndërroj
Примери:
Состанокот е префрлен за навечер.

промени повеќе

променат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане поинакво, измени.
Албански: ndryshon
Примери:
По она што го преживеа, го промени сфаќањето за животот.
Замени, смени едно со друго.
Албански: ndërroj
Примери:
Тие го променија местото на живеење.
Облече нова, убава облека.
Албански: mbath të re
Примери:
Девојчињата ги променија во празнични алишта.
(се промени) Стане поинаков, се измени.
Албански: ndryshoj
Примери:
Откако се врати, тој сосема се промени.
(се промени) Се облече во нова, убава облека.
Албански: ndryshoj
Примери:
Се промени и излезе.

разбие повеќе

разбијат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи на делови; за пари - размени, раситни.
Албански: ndërroj
Примери:
Групата беше голема, та мораа да ја разбијат.

размени повеќе

разменат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде нешто во замена за друго, обично со иста вредност.
Албански: këmbim
Примери:
Уште истиот ден ја разменив плочата.
Случајно смени едно нешто за друго.
Албански: këmbim
Примери:
Сношти си го разменив палтото.
За пари - раситни, разбие.
Албански: ndryshoj
Примери:
Ја разменив последната илјадарка.
сподели, каже
Албански: shpërndaj
Употреба: Разговорно
Примери:
Разменивме само неколку збора.
(се размени) Смени меѓу себе.
Албански: këmbim

раситни повеќе

раситнат
Вид збор: Глагол, свршен
За пари - разбие, размени.
Албански: thyej, këmbej
Примери:
Раситни една стотка.

раскрупни повеќе

раскрупнат
Вид збор: Глагол, свршен
Ситни пари ги претвори во банкноти со поголема вредност.
Примери:
Раскрупни ги металните пари во банкнота од 100 денари.

распромени повеќе

распроменат
Вид збор: Глагол, свршен
Преслече нова облека.
Албански: ndërroj rrobat
Примери:
Распромени го детево да не се извалка.
(се распремени) Се преслече; преслече нова облека од себе.
Албански: ndërroj rrobat
Примери:
Штом дојде, веднаш се распромени.

рокира повеќе

(се) рокираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
премести, преместува
Германски: rochieren Албански: ndryshim, ndërrim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Рокирај ги нив и ќе биде добро.

сврти повеќе

свртат
Вид збор: Глагол, свршен
Измени развиток на дејство, работа, процес и сл.
Албански: kthej, ndërroj
Примери:
Свртеа на играње.
За разговор, мисли - преведе на друг предмет, тема.
Албански: kthej, ndërroj
Примери:
Го свртеа разговорот.

смени повеќе

сменија
Вид збор: Глагол, свршен
Замени нешто.
Албански: ndryshoj
Примери:
Смени ја кошулата, зашто ти е нечиста.
Отстрани од некоја должност, симне, собори.
Албански: shkëmbim
Примери:
Го сменија раководителот на продавницата.
(обично во 3 л.) - Појави се на местото од нешто што исчезнува.
Албански: ndryshoj
Примери:
Дождливата пролет ја смени топло лето.
Даде едно нешто за друго.
Албански: shkëmben
Примери:
Ја сменив кошулата за чорапи.
(за пари) размени
Албански: shkëmben
Примери:
Сменив долари во денари.
(се смени) Замени еден друг на некое место, должност.
Албански: ndërroj
Примери:
Се сменија учителите.
(се смени) Се замени со нешто.
Албански: ndryshoj
Примери:
Се сменија в лице.