изнаруча
Види и:
наруча (св.)
изнаручаат; изнаручан
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Наруча, најаде некого многу, обилно.
Англиски:
feed
Албански:
han, ushqehet shumë
Бабата ги изнаруча децата и ги испрати на училиште.
Слично со:
најаде (св.)
2.
(се изнаруча) Се наруча се најаде многу, обилно.
Англиски:
satisfy
Албански:
han shumë, knaqem
Тој добро се изнаруча од гравот.
Слично со:
засити (св.)