изнесе
изнесат; изнесам, изнеси, изнесете; изнесов, изнесоа; изнел, изнесол, изнесле; изнесев, изнесеа; изнесел; изнесен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1755
1.
Носејќи извади нешто надвор или од некаде.
Англиски:
bring out
Албански:
nxjerr, hedh
Таа ја изнесе софрата под тремот.
Спротивно од:
внесе (св.)
2.
Донесе, принесе храна пред некого.
Примери:
Домаќинката изнесе ракија и салата пред гостите.
3.
Прави помен за покоен.
Примери:
Во неделата изнесовме година за дедо ми.
4.
Изложи, искаже, каже.
Примери:
На Собирот изнесовме некои нови сознанија за овој наш великан.
Во уводот на книгата авторот ги изнесува и задачите што стојат пред општинските комисии.
Во тужбата ќе ги изнесам доказите со кои располагам.
5.
Се покаже во определен износ (за цена, сметка, долг).
Англиски:
total
Албански:
kap shumën
Целата сума на крајот изнесе не повеќе од 3000 денари.
Изведенки
1.
изнесува несв.
изнесуваат
изнесуваат
2.
изнесување ср.
глаг. им.
глаг. им.