израз
мн. изрази
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 676
1.
Надворешен изглед на нешто (на очи, лице), изразување чувства.
Англиски:
expression
Албански:
çehre, shprehja e fytyrës
Имаше чуден израз на лицето.
израз на страв
2.
Надворешна манифестација на некој процес, состојба, дејство; начин на изразување нешто.
Англиски:
expression
Албански:
shprehje
Штрајкот е израз на незадоволството на работниците од управата.
Слично со:
манифестација (ж.)
3.
Стил на искажување во уметноста, литературата и сл.
Англиски:
expression
Албански:
shprehje
концизен израз
лирски израз
Слично со:
стил (м.)
4.
Состав од зборови со кои нешто се искажува.
Примери:
фразеолошки израз
прилошки израз за место
Изрази
Дојде до израз - се изрази целосно, до крај.
Израз на благодарност/почитување - при учтиво обраќање, како израз на благодарност, почитување и сл.