а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изреди

изредат; изредил; изреден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11876
1. Посети, оди од едно до друго место едноподруго.
Англиски: visit Албански: vizitoj
Примери:
Во недела стариот ги изреди сите комшии и роднини.
2. Каже, наброи нешто едноподруго.
Англиски: count Албански: numëroj
Примери:
Ученикот ги изреди имињата на сите планети од Сончевиот Систем.
3. Почести, понуди со ред, едноподруго.
Англиски: treat Албански: nderoj
Примери:
Невестата ги изреди сите гости со по една ракија.
4. (се изреди) Доаѓа по ред, едноподруго.
Албански: radhas
Примери:
Кај нас за празникот се изреди речиси цело село.
5. (се изреди) Се прави нешто во група, еден по друг.
Албански: radhitet
Примери:
По ручекот гостите се изредија на стомната со вино.
Изведенки
1. изредува несв.
(се) изредува
2. изредување ср.
глаг. им.