а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изучи

изучат; изучил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8274
1. Со учење усвои нешто добро.
Англиски: learn Албански: mësoj
Примери:
Тој го изучи англискиот јазик.
2. Проучи нешто.
Англиски: study Албански: mësoj
3. Заврши училиште, некој степен на образование, струка, занимање.
Англиски: educate Албански: shkollua, mësoj
Употреба: Образование
Примери:
Девојката за неколку години изучи за фризерка.
Сестра ми изучи за слаткарка, а брат ми за бравар.
4. (се изучи) Добие некакво знаење, навик, вештина и сл.
Англиски: train Албански: përvetësoj, mësoj
Примери:
Тој се изучи тоа да го прави добро.
Изведенки
1. изучува несв.
изучуваат
2. изучување ср.
мн. изучувања
глаг. им.
Пример: Изучувањата покажале дека глобалната температура е во пораст.