а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

исече

исечат; исечи, исечете; исеков, исекоа; исекол, исекле; исечев, исечеа; исечел; исечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3522
1. Изреже на делови со нешто остро, со сечење издели на многу делови.
Англиски: cut up Албански: pres
Примери:
Го исече лебот на ситни парчиња за да има за сите.
2. Пресече со сабја, меч и др.
Англиски: dismember Албански: pres
Примери:
Само ако ми се испречи на патот, со секира ќе му ја исечам главата.
3. Пресече сѐ, до крај.
Англиски: cut off Албански: pres
Примери:
Го исече дрвото до корен.
Си ја исече косата.
4. (се исече) се повреди
Англиски: injure Албански: pres, lëndoj
Примери:
Се исече повеќе пати на истото место.
Изведенки
1. исечува несв.
исечуваат
2. исечување ср.
глаг. им.