исече
Види и:
сече (несв.)
исечат; исечи, исечете; исеков, исекоа; исекол, исекле; исечев, исечеа; исечел; исечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3522
1.
Изреже на делови со нешто остро, со сечење издели на многу делови.
Примери:
Го исече лебот на ситни парчиња за да има за сите.
Слично со:
распарча (св.)
2.
Пресече со сабја, меч и др.
Примери:
Само ако ми се испречи на патот, со секира ќе му ја исечам главата.
3.
Пресече сѐ, до крај.
Примери:
Го исече дрвото до корен.
Си ја исече косата.
Слично со:
пресече (св.)
4.
(се исече) се повреди
Англиски:
injure
Албански:
pres, lëndoj
Се исече повеќе пати на истото место.
Слично со:
повреди (св.)
Изведенки
1.
исечува несв.
исечуваат
исечуваат
2.
исечување ср.
глаг. им.
глаг. им.