а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

исклучи

исклучат; исклучил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4017
1. Отстрани од група, од друштво, од членство, од игра и сл.
Англиски: expel Албански: përjashtoj
Примери:
Го исклучија од училиште.
Партијата го исклучи од своите редови.
2. Не земе предвид, намерно изостави, изземе од нешто.
Англиски: exclude Албански: lë jashtë
Примери:
Јас ги исклучувам нив од списокот на виновници.
3. Не допушти.
Англиски: exclude Албански: përjashtoj
Примери:
Судијата овде исклучи секаква можност за кражба.
4. Прекине работа, проток, довод, дејство на уред вклучен во некаков систем (на струја, вода), прекине врска.
Англиски: turn off Албански: fik
Примери:
Го исклучи телевизорот и си легна.
Заврши со пеглањето и ја исклучи пеглата.
5. (се исклучи) Се повлече, се издвои од нешто (за човек).
Англиски: withdraw Албански: tërheq
Примери:
Целосно се исклучив од сите случувања.
6. (се исклучи) Престане да работи, прекине, запре.
Англиски: turn off Албански: ndërpret
Примери:
Машината се исклучи.
Изведенки
1. исклучува несв.
исклучуваат
2. исклучување ср.
мн. исклучувања
глаг. им.
Пример: Во текот на играта имаше неколку исклучувања.