искористи
искористат; искористам; искористил; искористеше; искористен; (ќе) искористел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2011
1.
Извлече корист од нешто или од некого.
Англиски:
exploit
Албански:
shfrytëzoj
Ја искористи секоја стапка од земјата.
Таа ги искористи најновите научни сознанија за да ја докаже својата теорија.
Него го користат кога им треба стручна помош.
Слично со:
експлоатира (св. и несв.)
2.
Користи определена можност, ситуација за да постигне нешто.
Англиски:
use
Албански:
përdor, shfrytëzoj
Ја искористи неговата наклонетост за да добие подобро работно место.
Комисијата го искористи неговото непознавање на новиот закон.
Ја искористи маглата и се изгуби во неа.
3.
Користи, злоупотреби некого, извлече корист со сила или измама на нечија штета.
Англиски:
misuse
Албански:
shfrytëzoj, keqpërdor
Го искористи и го остави без размислување.
Слично со:
злоупотреби (св.)
Изведенки
1.
искористува несв.
искористуваат
искористуваат
2.
искористување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
искористувач м.