а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

искоси

искосат; искосил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 22553
1. Исече трева, детелина со коса, заврши со косење.
Англиски: mow Албански: kosit
Употреба: Земјоделство
Примери:
Дедо ми ја искоси ливадата.
2. Постави нешто во коса положба, направи да биде косо или да изгледа како да е косо.
Англиски: tilt Албански: pjerrem
3. Нервира, секира некого многу.
Англиски: annoy Албански: mërzit, zemroj
Примери:
Ја искоси жената коцкајќи се.
4. (се искоси) Се нервира, се секира многу.
Англиски: worry Албански: merakosem
Примери:
Се искосив додека да дојдеш.
Изведенки
искосува несв.
искосуваат