а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

искупи

искупат; искупил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 19852
1. Накупи многу нешта.
Англиски: shop Албански: blej
Употреба: Економија
Примери:
Ги искупи сите блузи од продавницата.
2. Накупи сѐ што требало да се купи, заврши со купување.
Англиски: buy Албански: blej
Употреба: Економија
Примери:
Искупија сѐ што требаше за роденденот.
3. Плати откупнина за нешто.
Англиски: pay Албански: paguaj
Примери:
Се советуваа како да ги жртвуваат парите за да ги искупат животите.
4. Заслужи прошка со нешто за некоја грешка и сл.
Албански: ndjesë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја искупи својата грешка со тоа што ѝ ја призна целата вистина.
5. (се искупи) Плати за сторени грешки.
Англиски: pay Албански: lajë, paguaj
Примери:
Не можеше да се искупи за сите свои грешки.
6. (се искупи) Добие прочистување на гревот, се избави од грев.
Англиски: do penance Албански: pendohem
Употреба: Религија
Изведенки
1. искупува несв.
(се) искупуваат
2. искупување ср.
глаг. им.