а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

исмее

исмеат; исмеј, исмејте; исмеав, исмеаја; исмеал; исмеан; (ќе) исмеев, (ќе) исмееја; (ќе) исмеел; исмеен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7792
1. Направи шега, подбив со некого; иронично, зајадливо зборува за нешто.
Англиски: deride, ridicule Албански: përqesh
Примери:
Тој ја исмеа и понижи пред сите.
Ја исмеа мојата наклоност кон неа.
2. (се исмее) Се подбие шега нагло, прсне во смеа.
Англиски: laugh Албански: qesh
Примери:
Сите се погледнаа и се исмеаја на цел глас.
3. (се исмее) Се шегува со некого.
Англиски: joke Албански: tallem
Примери:
Му се исмеа на неговата фризура.
Изведенки
1. исмева несв.
(се) исмеваат
2. исмејува несв.
(се) исмејуваат
3. исмејување ср.
глаг. им.