а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

испари

испарат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6916
1. Се претвори во пареа, мине во гасовита состојба.
Англиски: evaporate Албански: shuhet
Примери:
Водата испари од тенџерето.
Испари мирисот од шишенцето.
2. Стави нешто на пареа.
Англиски: steam Албански: avulloj
Примери:
Таа го испари лицето со чај од камилица.
3. Постепено нешто исчезнува, се губи, го снемува.
Англиски: disappear Албански: zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Спласна, испари и неговата лутина, но и неговата доверба во неа.
4. Исчезне одеднаш, скришно.
Англиски: disappear Албански: zhduket
Употреба: Разговорно
Примери:
Дури се свртев, тој испарил.
Испарила ракијата што кришум еден од друг ја пиеме.
5. (се испари) Се исуши, се претвори во пареа.
Англиски: evaporate Албански: thahet
Примери:
Се испари дождот веднаш штом изгреа сонцето.