испие
Види и:
пие (несв.)
испијат; испиј, испијте; испие, испија; испил; (ќе) испиев, (ќе) испиеја; (ќе) испиел; испиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2339
1.
Пиејќи земе течност до крај, испразни нешто (чаша, сад).
Примери:
Го испи сокот до последна капка.
Испија по една чаша вино.
2.
Впие, прими течност.
Англиски:
soak in
Албански:
pij, thithë
Сувата земја жедно го испи малото поточе.
Жегата им ги испила соковите на фиданките и ги исушила.
Изрази
Крвта му ја испи - измачи некого со лоши постапки.
Чавките умот му го испиле - изгуби памет.
Го испи со поглед - постојано некого гледа, следи со поглед.
Испие горчлива чаша - помине низ големо искушение, преброди голема тешкотија.
Изведенки
1.
испива несв.
испиваат
испиваат
2.
испивање ср.
глаг. им.
глаг. им.