видат
Вид збор: Глагол, свршен
увиди, разбере, сфати, најде, согледа
Примери:
Видов дека со плачење не бидува ништо.
(се) збиднат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3. л.) Се исполни, се случи, стане реалност.
Примери:
Неговите очекувања се збиднаа.
извршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изврши) се оствари, се исполни
Примери:
Сонот се изврши уште истиот ден.
исполнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исполни) Се оствари.
Примери:
Неговите стравови се исполнија.
(се) обвистинат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане вистина, се потврди вистинитоста на нешто што е претходно кажано.
Примери:
Нејзиниот сон се обвистини.
објективизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подложи, подложува на објектив(из)ација, направи, прави нешто да биде реално, објективно.
Примери:
Тој ги објективизира личностите во своите романи.
(се) овистинат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане вистина, се оствари, се исполни нешто.
Примери:
Неговите мисли се овистинија.
оживотворат
Вид збор: Глагол, свршен
Спроведе во живот некоја замисла.
Примери:
Тој ја оживотвори старата идеја.
опредметат
Вид збор: Глагол, свршен
Претвори во предмет, во реалност.
Примери:
Се разбира, сите овие тези треба да се докажат и критички да се опредметат.
осознаат
Вид збор: Глагол, свршен
Спознае, стане свесен за нешто.
Примери:
Тој конечно ја осозна вистината за последните случувања.
остварат
Вид збор: Глагол, свршен
(се оствари) Стане вистинит, реален.
Примери:
Се оствари мојот дамнешен сон.
прогледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да сфаќа, да ги разбира работите.
Примери:
Конечно прогледа и виде со кого си има работа.
разберат
Вид збор: Глагол, свршен
Сподели чувства, мисли, желби со некого.
Примери:
Го разбрав, но не можев да му помогнам.
реализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се реализира) се оствари, се остварува
Вид збор: Глагол, несвршен
спознаат
Вид збор: Глагол, свршен
Познае по некои признаци.
Примери:
Ја спозна горчливата вистина.
Вид збор: Глагол, несвршен
остварува, извршува
Примери:
Ја спроведуваат својата волја.
Вид збор: Глагол, несвршен
увиди
Примери:
Тој секогаш доцна ги увидува своите грешки.
чувствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сознава, станува свесен за нешто.
Примери:
Тој чувствуваше дека не ќе може да издржи до крај.