а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

испружи

испружат; испружил; испружен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3689
1. Оптегне нешто колку што е долго.
Англиски: stretch Албански: shtrij, zgjat
Примери:
Ја испружи раката колку што можеше, но не можеше да ја дофти кутијата.
2. (се испружи) Се оптегне.
Англиски: stretch Албански: shtrihem, zgjatem
Примери:
Се испружи во ладовината колку што беше долг и широк.
3. (се испружи) Плати нешто (при купување, направена услуга и сл.) или кога треба да се стави потпис.
Англиски: stretch Албански: harxhohem, shpenzoj shumë
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Добро се испружи за свадбата на ќерката.
Изведенки
1. испружува несв.
(се) испружуваат
2. испружување ср.
глаг. им.