а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

испушти

испуштат; испуштил; испуштен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1702
1. Пушти нешто, престане да држи.
Англиски: drop Албански: hedh
Примери:
Ја испуштив чашата и таа се скрши.
2. Пушти некого да излезе од некаде.
Англиски: leave Албански: largon
Примери:
Некој го испуштил од шталата добитокот.
Учителките ги испуштија децата во дворот.
3. За течност - пушти да истече од некаде.
Англиски: release Албански: rrjedh
Примери:
Ја испушти водата од кадата.
4. Пушти, оддели од себе.
Англиски: release Албански: lëshoj
Примери:
Испушти очајнички крик.
Лисјата не испуштаа медовина.
5. Пропушти, не искористи нешто.
Англиски: miss Албански: lëshoj
Примери:
Го испуштив последниот автобус.
Ја испуштив најголемата шанса во животот.
6. Пропушти, изгуби од видно поле, од внимание.
Англиски: omit Албански: lëshoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Значи испуштено е клучното прашање во обраќањето до јавноста.
Брзајќи испуштил многу букви.
Го испуштив петтото прашање од тестот.
Изрази
Го испушти од раце - ја загуби контролата над некого, дозволи некому да тргне по лош пат.
Му се испушти - ненамерно каже нешто што не треба, ненамерно открие тајна.
Испушти душа - умре.
Не го испушта од вид - постојано внимава на некого.
Изведенки
1. испушта несв.
испуштаат
2. испуштање ср.
глаг. им.