leave - онтологија

батали повеќе

баталат
Вид збор: Глагол, свршен
остави, напушти
Турски: battal etmek Албански: lë, braktis
Употреба: Разговорно
Примери:
Штотуку се чу дека војната завршила, баталив и жена и деца, тргнав.

бега повеќе

бегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Напушта, заминува, си оди, се иселува, изостанува.
Албански: ikë, largohet
Примери:
Не бегам од оваа служба.

заборави повеќе

заборават
Вид збор: Глагол, свршен
Остави, не зеде нешто со себе поради невнимание, расеаност и сл.
Албански: harroj, lë
Примери:
Да не го заборавите фенерот.

замине повеќе

заминат
Вид збор: Глагол, свршен
Напушти определено место, си отиде од некаде.
Албански: largohem
Примери:
Тој си замина дома.
Отиде, стапи на некаква функција, позиција; напушти работа.
Албански: shkoj
Примери:
Тој беше готов да замине на должност.

зафрли повеќе

зафрлат
Вид збор: Глагол, свршен
напушти, отфрли
Албански: lëshoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Семејството го зафрли, повеќе не го побара.

избега повеќе

Види и: бега (несв.)
избегаат
Вид збор: Глагол, свршен
Напушти некого, се дели од нешто.
Албански: largon
Примери:
Стојанка избега од мажот.

излезе повеќе

излезат
Вид збор: Глагол, свршен
Отиде, оди некаде.
Албански: shkoi
Примери:
Таа излезе на прошетка.

изостави повеќе

изостават
Вид збор: Глагол, свршен
Остави повеќе работи.
Албански: lë, braktis

изотиде повеќе

Види и: отиде (св.)
изотидат
Вид збор: Глагол, свршен
За повеќемина - замине, отиде.
Албански: shkoj, largohem
Примери:
Гостите изотидоа еден по еден.
(си изотиде) Се разотиде, си замине.
Албански: shkoj, largohem
Примери:
Сите си изотидоа по дома.

испадне повеќе

испаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Излезе надвор.
Албански: largohet
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Јас ќе испаднам малку да прошетам.

испушти повеќе

испуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти некого да излезе од некаде.
Албански: largon
Примери:
Некој го испуштил од шталата добитокот.

истапи повеќе

истапат
Вид збор: Глагол, свршен
Постапи поинаку од другите, направи истап.
Албански: largohet
Примери:
Тој истапи од организацијата.

напушти повеќе

напуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти многу, во голем број, во големо количество.
Албански: lë, lëshon
Примери:
Ги напушти децата без карти да го гледаат натпреварот.
Остави, се раздели од некого, од нешто.
Албански: lë, braktis
Примери:
Ги напуштил жената и децата и заминал.

оддоми повеќе

оддомат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели девојка од домот, од семејството; со мажење.
Албански: lë shtëpinë, martohet
Примери:
Ја оддоми многу млада за да ја омажи во богата куќа.

остава повеќе

Види и: остави (св.)
оставаат
Вид збор: Глагол, несвршен
остави
Албански: lë, braktis

остави повеќе

остават
Вид збор: Глагол, свршен
Не земе нешто, не поведе некого со себе при одење, заминување некаде.
Албански:
Примери:
Адвокатот ги оставил потребните документи во фиоката, а зел погрешни.
При јадење не изеде, не зеде, оддели нешто, зачува нешто за некого или со некаква цел.
Албански:
Примери:
Тој го остави месото, само компирите ги изеде.

остане повеќе

останат
Вид збор: Глагол, свршен
Остави трага, белег.
Албански: largim
Примери:
Трагите од коњските копита останаа во калта.

отиде повеќе

отидат
Вид збор: Глагол, свршен
Напушти некое место.
Албански: shkoj, ikë
Примери:
Татко му отишол во Австралија на печалба.

откачи повеќе

откачат
Вид збор: Глагол, свршен
Напушти некого.
Албански: largohem
Употреба: Разговорно
Примери:
Таа ги откачи другарите и замина дома.

отпише повеќе

отпишат
Вид збор: Глагол, свршен
(се отпише) Престане да членува во некаква заедница, група, партија и сл.
Албански: lë, braktis
Примери:
Тој се отпиша од планинарското друштво.

пакува повеќе

пакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пакува) Си оди, напушта работа, служба против своја волја.
Албански: largohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ајде, пакувај се!

појде повеќе

појдат
Вид збор: Глагол, свршен
(си појде) Си отиде, си замине (од каде пошол).
Албански: largohet
Примери:
Не можеа повеќе да чекаат, си појдоа.

поразотиде повеќе

Види и: разотиде (св.)
се поразотидат
Вид збор: Глагол, свршен
Се разотидат многумина, сите.
Примери:
По настапот, салата се испразни и народот се поразотиде.

препушти повеќе

препуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Остави некому нешто, остави на располагање, на користење.
Албански:
Примери:
Му ја препушти фирмата на внукот.

трати повеќе

тратат
Вид збор: Глагол, свршен
остава, напушта, отфрла
Албански: braktis
Примери:
Марика го трати Атанас и се зафати со шефот на монополот.

трга повеќе

тргаат
Вид збор: Глагол, несвршен
тргнува, заминува
Албански: largim
Примери:
Возот трга во десет часот.

трча повеќе

трчаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди, заминува брзо за некаде по нешто.
Албански: shkoj, ngaj
Примери:
Трчај купи нешто за јадење.