истече
истечат; истече, истечете; истеков, истекоа; истекол, истекле; (ќе) истечев, (ќе) истечеа; (ќе) истечел; истечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5798
1.
Излезе од некаде со течење, се излее.
Англиски:
spill
Албански:
rrjedh, derdhë
Го засече местото за да истече лошата крв.
Истече млекото.
Слично со:
излее (св.)
2.
Дојде до крај, помине, заврши.
Примери:
Bи истече времето за размислување.
Додека да трепнеш животот истекол.
Слично со:
заврши (св.)
Изрази
Очите му истекоа – Го заболеа очите од долго, напорно гледање.
Очите му истекоа – Премногу нападно гледа во некој или нешто.
Изведенки
1.
истекува несв.
истекуваат
истекуваат
2.
истекување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
истечува несв.
истечуваат
истечуваат
4.
истечување ср.
глаг. им.
глаг. им.