излее
излеат; излеј, излејте; излеав, излеаја; излеал; излеан; излеев, излееја: излеел; излеен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7579
1.
Истури течност од сад, направи да претекува.
Примери:
Тој излеа едно шише бензин на суровите дрва и ги запали.
Жената ја излеа валканата вода од кофата.
Слично со:
истури (св.)
2.
Направи, измоделира од топен метал и сл.
Примери:
Првите топови произведени во нашата земја ги излеаја работниците на оваа фабрика.
Тој излеваше разни фигури од восок и ги продаваше низ градот.
Слично со:
моделира (св. и несв.)
3.
Им дава слободен замав или израз на своите чувства, расположби и сл.
Примери:
Поетот ја излеа својата љубов кон саканата во песна.
Окупаторот го излеа својот бес на недолжното население.
4.
За светлосен извор: месечина, сонце - рашири светлина.
Примери:
Месечината ја излеала својата светлина по улиците на градот.
5.
(се излее) За воден тек (река) - излезе од коритото.
Примери:
Од силните дождови, реката се излеа на неколку места.
6.
(се излее) За течна маса во сад - се пролее.
Примери:
Од трускањето на колата по ископаниот пат, ширата се излеа од бурилото.
Изведенки
1.
излева несв.
излеваат
излеваат
2.
излевање ср.
глаг. им.
глаг. им.