канал
мн. канали
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2130
1.
Ископ по кој тече вода за наводнување или за одвод на дождовни и отпадни води.
Слично со:
ѓериз (м.)
2.
Морски премин меѓу две копна.
Примери:
Босфорскиот Канал ја дели Европа од Азија.
Слично со:
мореуз (м.)
3.
Долг, широк и длабок ископ за поврзување две реки или мориња.
Примери:
Панамски Канал
Суецки Канал
4.
Затворен, подземен ископ (изѕидан или во кој се сместени големи цевки) за снабдување на градот со вода, за довод на нафта, гас и сл.
Англиски:
duct
Албански:
kanal, tub
5.
Ископ за поставување кабли, жици и сл.
Примери:
Ископа еден канал во кој поставија жица за електрика.
Слично со:
ископ (м.)
7.
Одредена фреквенција на ултракратки бранови.
Примери:
телевизиски канал
Гледачите можат да ја избираат програмата на повеќе канали.
8.
Долгнавеста, цевчеста шуплина во организмот низ која минуваат или во која се наоѓаат одредени материи.
Примери:
жолчен канал
9.
Пат, врска, начин на кој (обично тајно) нешто се соопштува, се дознава, се постигнува и сл.
Англиски:
connection
Албански:
kanal, lidhje
Тој беше донесен по тајни канали.
Во мај тој замина по канал за Софија.
Слично со:
врска (ж.)
Изведенки
1.
каналче ср.
мн. каналчиња
мн. каналчиња
2.
каналски прид.
каналскиот
каналскиот