канџа
мн. канџи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5279
1.
Кука со долга дрвена рачка за закачување и влечење разни предмети.
Слично со:
кука (ж.)
2.
Долг, свиткан и остар нокт на прстите на многу птици и животни; долг, свиткан нокт; прст воопшто.
Примери:
Од другата страна на вратата слушнав како гребеа канџите на птицата.
Мечката го зграпчи со канџите.
Ноктите на нозете му беа како орлови канџи.
3.
Несреќа, лице или ситуација од која тешко може да се ослободи, да се откачи.
Примери:
Сепак, не можеше да се ослободи од канџите на човекот што cилно ја стегаа.
Вклештен во канџите на ненадејната несреќа, седеше стегнат во грч.
4.
Резе на врата во вид на канџа, кука.
Примери:
Се поврати да ја стави железната канџа на вратата.
Тоа утро канџите од портата сѐ уште не беа дигнати.
Изрази
Е (падне) во нечии канџи - е под нечија немилосрдна власт.