а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

капак

мн. капаци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2193
1. Предмет, направа со која се затвора некаков сад.
Англиски: lid Турски: kapak Албански: kapak
Примери:
Го кренав капакот од тенџерето.
Не можеше да го отвори капакот на теглата.
2. Секој предмет, направа што служи за покривање, за затворање некаков отвор.
Англиски: cover Турски: kapak Албански: kapak, mbulim
Примери:
Појде до шкафот и откако го отвори капакот, почна да буричка.
Капакот на сандачето е отворен.
Со раката го галеше сребрениот капак на часовникот.
3. Дрвено или метално крило на прозорец или врата што може да се отвора и затвора.
Англиски: shutter Турски: kepenk Албански: kapak, krah
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Се стрча кон прозорецот за да провери дали се капаците добро затворени.
Капакот од прозорецот се отворал пополека, зашто бил 'рѓосан.
4. Подвижен, кожен набор што го затвора окото.
Англиски: lid Албански: kapak
Употреба: Анатомија
Примери:
Очните капаци му останаа полуотворени.
5. Свитканиот дел на ракав од кошула, на панталони и сл.
Англиски: sleeve Албански: mëngë
6. Крај на нешто.
Англиски: top Албански: kapak, fund
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се обидуваше да стави капак на таа работа.
Како капак на сето тоа дојде и писмото што не го очекуваа.
Изрази
Каво тенџере, таков какак.
Растел под стаклен капак.
Изведенки
капачиште ср.
мн. капачишта
аугм. и пејор.