а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

капија

мн. капии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5693
1. Влезна, обично голема врата, порта на градски бедеми или некаков објект.
Англиски: gate Турски: kapı Албански: kapi, portë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
На капијата имаше стражар.
Бранденбуршка капија
2. Влез, тесен премин меѓу стрмни карпи.
Англиски: gate Албански: kapi, kalesë
Употреба: Географија
Примери:
Демир Капија.
3. Стратешки важно место за понатамошно напредување.
Англиски: gate Албански: kalesë
Употреба: Воен термин
4. Точно обележено место што се брани во повеќе спортови (фудбал, хокеј, ватерполо).
Англиски: goal Албански: portë, gol
Употреба: Спорт
Изрази
Триумфална капија - капија изградена во чест на триумф, голема победа.