а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кафе

мн. кафиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 666
1. (само едн.) Растение во вид на грмушка што дава зрнест плод.
Латински: Coffea Англиски: coffee Турски: kahve Албански: kafe
Употреба: Ботаника
2. Напивка направена од пржени и смелени зрна на ова растение.
Англиски: coffee Турски: kahve Албански: kafe
Употреба: Гастрономија
Примери:
Го пиеше кафето и молчеше.
3. кафеана
Англиски: restaurant Турски: kahve Албански: restorant
Употреба: Гастрономија , Разговорно
Примери:
Тие беа редовни посетители на ова кафе.
Изрази
Бело кафе - кафе помешано со млеко.
Турско кафе - ситно смелено кафе сварено во ѓезве.
Нес-кафе - трговска марка на кафе што се раствора со вода, млеко.
Гледа на кафе - го гледа минатото и иднината во фигурите што се образуваат по страните на филџанот, по испивање на турско кафе.