кине
  
     
     
  
  
      
          
            
              кинат; кини, кинете; кинев, кинеа; кинел; кинет; кинејќи; кинав, кинаа; кинал, кинат
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 1814
	    
	
    
    
      
          1.
          Со нагли движења прави нешто да биде во парчиња.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    tear
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                grisë, coptoj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Таа ги кине писмата и ги пали едно по едно. 
	              
	            
	          
	            
	              Трњето му ги кинеа панталоните и кошулата. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Прекинува на едно место или на повеќе места нешто што е поврзано, цело.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    tear
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                coptoj, këpus
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Селаните кршеа огради низ лозјата, кинеа тељови, уриваа ѕидини.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          За растенија, цвеќе - одделува плод, лист од растение со нагло движење.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Не кинам јаболка, не собирам оскоруши, не им правам штета во овоштарникот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Нанесува некому голема физичка или психичка болка, мачи.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Мислата дека ќе се раздели од него ѝ го кинеше срцето. 
	              
	            
	          
	            
	              Навредата беше тешка и ја кинеше неговата неспокојна душа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          (се кине) Се раскинува на парчиња.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Џебовите, со полни камења, ѝ се кинат под товарот. 
	              
	            
	          
	            
	              Од многу играње фудбал се кинат патиките. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          (се кине) Се прекинува, губи континуитет.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    tear
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                këputet, coptohet
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Нишките на разбојот се кинеа една по една. 
	              
	            
	          
	            
	              Конецот се заплеткуваше и често се кинеше.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          (се кине) Трпи голема физичка или психичка болка, мака, тага.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Душава ми се кинеше кога го гледав тажен. 
	              
	            
	          
	            
	              Срцето ѝ се кинеше по него.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  мачи (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          8.
          (се кине) Се вознемирува, се грижи, се нервира.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    annoy
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                mërzitem, zemërohem
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Не чини да се кинеш, синко, за болеста не чини.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          9.
          (се кине) Премногу се труди околу некого или нешто, премногу работи.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Секој ден се кинам од работа, а никој не ми верува.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Се кине од плач - силно, премногу плаче.
          
      
        
          
            Се кине од смеа - силно, бучно се смее.
          
      
        
          
            (посл.) Кај што е тенко, таму се кине.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          кинење ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        