кирилица
(едн.) кирилицата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7727
1.
Една од двете старословенски азбуки создадена од Кирил Филозоф.
2.
Азбука што се користи во Македонија, Србија, Русија, Бугарија и други земји.
Примери:
Брадестите бурлаци запинаат да ги повлечат нанапред уморните октомвриски дождови и сѐ туку се допрашуваат онака на кирилица - тагата превртена наопаку радост ли се вика?