мн. калки
Вид збор: Именка, машки род
Збор или израз добиен со буквален превод на туѓ збор или израз.
калкираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Пренесе, пренесува зборови или изрази од еден јазик во друг со буквален превод.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Во науката за јазикот - должина на слогот во зборот.
(едн.) кирилицата
Вид збор: Именка, женски род
Азбука што се користи во Македонија, Србија, Русија, Бугарија и други земји.
Англиски:
cyrillic
Албански:
alfabeti qirilik
Примери:
Брадестите бурлаци запинаат да ги повлечат нанапред уморните октомвриски дождови и сѐ туку се допрашуваат онака на кирилица - тагата превртена наопаку радост ли се вика?
кириличниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кирилица.
Примери:
Доколку некој знак не е наведен под определена точка, тоа значи дека се предава со соодветниот кириличен еквивалент.
Вид збор: Придавка
Што е во врска со кирилица.
Примери:
кирилско писмо
мн. клитики
Вид збор: Именка, женски род
Збор без свој акцент, а може да се најде пред зборот носител на акцентот (проклитика) и по зборот носител на акцентот (енклитика).
Примери:
пренесување на акцентот врз клитиката
мн. кодови
Вид збор: Именка, машки род
Пренеcување на информации преку систем од договорени знаци, симболи.
Англиски:
code
Албански:
kod
кодираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Запише, запишува нешто со код; изрази, изразува нешто со код.
мн. колокации
Вид збор: Именка, женски род
Комбинација од зборови што често се јавуваат еден до друг.
Примери:
лексичка колокација
колоквијани
Вид збор: Придавка
Што е разговорен, што е својствен на секојдневниот говор.
Примери:
колоквијален јазик
мн. компарации
Вид збор: Именка, женски род
Стилcка фигура со која се врши споредба.
мн. конкорданси
Вид збор: Именка, машки род
Листа на зборови (особено на важните) во алфабетски редослед во еден текст, обично со цитирање на пасусите во кои се најдени.
Вид збор: Придавка
Што се однесува на конотација.
мн. конотации
Вид збор: Именка, женски род
Придружно значење на зборот што се сугерира, што се додава по асоцијативен пат кон основното негово значење.
Примери:
Можни конотации за дете се: мало, мило, чедо, момче или девојче.
конотираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Добие, добива со конотација.
Примери:
Водачот за сите конотира: помирување, реализам, човечност и грижа за мир.
мн. консонанти
Вид збор: Именка, машки род
согласка
Примери:
Изговара вокали и консонанти.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Спојување на елементи од различно потекло во еден збор.
Примери:
Зборот качамак, преку контаминација со каша, во некои говори се изменил во кашамак.
мн. корени
Вид збор: Именка, машки род
Непроменлив дел од зборот, без претставки и наставки, што го носи основното значење.
Англиски:
root
Албански:
rrënjë
Примери:
корен на зборот
мн. корпуси
Вид збор: Именка, машки род
Збирка на автентични текстови што се користат за лингвистички истражувања.
Примери:
корпус на македонски автори
мн. кратенки
Вид збор: Именка, женски род
Скратена форма од збор или фраза.
мн. крилатици
Вид збор: Именка, женски род
Поговорка што се повторува често во зборувањето; духовит карактеристичен збор или реченица што е во широка употреба.
мн. криптографи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што пишува со тајно писмо.
мн. криптолози
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со криптологија.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува тајните писма.